Билатерални односи со Република Бугарија


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се воспоставени на 31 декември 1993 г.


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отварање на Генерални конзулати во двете земји“

  • склучен со размена на ноти,  на 20 август 1992 година
  • во сила од 17 септември 1992 година

2. „Договор за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија“

  • склучен во Скопје на 20 октомври 1992 година

3. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за трговска и економска соработка“

  • склучен во Скопје на 7 јуни 1993 година

4. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за заемна заштита и поттикнување на инвестициите“

  • склучен во Софија на 22 февруари 1999 година 
  • во сила од 5 јуни 1999 година

4-a) „Протокол кон Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за заемна заштита и поттикнување на инвестициите“

  • во сила од 12 јуни 2007 година 

5. „Спогодба меѓу Република Македонија и Република Бугарија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал“

  • склучена во Софија на 22 февруари 1999 година 
  • во сила од 24 септември 1999 година

6. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за меѓународен патен превоз“ 

  • склучена во Софија на 22 февруари 1999 година 
  • во сила од 12 јуни 1999 година

7. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија“

  • склучена во Софија на 22 февруари 1999 година 
  • во сила од 8 јуни 1999 година

8. „Конзуларна конвенција меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • склучена во Софија на 22 февруари 1999 година
  • во сила од 23 март 2000 година

9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за поврзување на железничките мрежи на двете држави“

  • склучена во Скопје на 12 март 1999 година
  • во сила од 23 јуни 1999 година

10. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка и взаемна помош во царински работи“

  • склучена во Скопје на 14 јуни 1999 година
  • во сила од 15 јули 2000 година

11. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отворање на два нови меѓународни патни гранични премини помеѓу двете земји“

  • склучена во Скопје на 14 јуни 1999 година 
  • во сила од 13 септември 1999 година

12. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за чување, одржување, обновување и обележување на граничната линија и граничните белези на македонско-бугарската државна граница “

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила од 8 март 2002 година

13. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за мерките за спречување и решавање на гранични инциденти на македонско-бугарската државна граница“

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила од 8 март 2002година

14. „Договор за правна помош во граѓанските премети меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • склучен во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила  од  7 април 2002 година

15. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на културата“

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила од 8 март 2002год

16. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата  на Република Бугарија за соработка на полето на образованието и науката“

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила од 8 март 2002.

17. „Договор за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија“

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година 
  • во сила од 7 април 2002 год.

18. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на стандардизацијата, метрологијата, акредитацијата и оцена на сообразноста“

  • склучена во Скопје на 15 мај 2000 година
  • во сила од 8 март 2002 година.

19. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во областа на здравството и медицинските науки“ 

  • склучена во Софија на  20 октомври 2000 година 
  • во сила од 23 февруари 2001 година

20. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за превземање на лица со незаконски престој“ 

  • склучен , во Софија на 04 јуни 2001 година
  • во сила од 19 јуни  2002 година 

21. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за заемно признавање на документите за образование и научни степени“ 

  • склучен во Софија на 04 јуни 2001 година
  • во сила од  8 март 2002 година

22. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за обука, квалификација и преквалификација на вработени на МВР на Република Македонија во Вишиот институт за подготовка на офицери и за научно-истражувачка дејност и други образовни центри на МВР на Република Македонија “

  • склучен во Скопје на 26.02.2002 година

23. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалната трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, нелегална миграција и други кривични дела “

  • склучен во Скопје на 26.02.2002 година
  • во сила од 26.02.2003 година

24. „Договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република  Бугарија“

  • склучен во Софија на 06.02.2003 година
  • во сила од 1 август 2003 г.

25. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање Културно-информативен центар на Република Македонија во Софија и Културно-информативен центар на Република Бугарија во Скопје“

  • склучен во Скопје на 18.04.2003 година
  • во сила од 14.02.2005 година

26. „Спогодба меѓу Влада на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за отварање на нов меѓународен граничен премин меѓу двете земји “

  • склучена во Скопје на 18 октомври 2004 година
  • во сила на 26 јули 2005 година

27. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за размена и заемна заштита на класифицирани информации“

  • склученa во Благоевград на 7 октомври 2005 година
  • во сила од 16 март 2006 година 

28. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за прекугранична полициска соработка“

  • склучен во Скопје на 3 јуни 2006 година
  • во сила од 21 јануари 2007 година

29. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за взаемни патувања на граѓаните“

  • склучен во Софија на 3 ноември 2006 година
  • во сила од 01 јануари 2007

30. „Конвенција во врска со Трансбалканскиот нафтоводен систем“

  • склучена во Скопје на 31 јануари 2007 година
  • во сила од 01 октомври 2007

31. „Договор за економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија“

  • склучен во Скопје на 15 декември 2008 година
  • во сила од 05 април 2011 година

32. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка“

  • склучен во Скопје на 20 март 2009 година
  • во сила од 14 октомври 2010 година

33. „Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • склучен во Скопје на  1 август 2017 година
  • во сила од 14 февруари 2018 година т.е од денот на размена на инструментите за ратификација 

34. „Спогодба меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи“

  • склучена во Струмица на  23 ноември 2017 година
  • во сила од 26 март 2019

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Протокол за средбата  помеѓу потпретседателот на Владата на Република Македонија г-дин Јован Андонов и заменик министер претседател на Република Бугарија г-дин Нејчо Неев“

  • потпишан во Софија на 07.04.1993 година

2. „Спогодба за одобрување и користење на стоков кредит меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија“

  • потпишан во Скопје на 07.06.1993 година

3. „Заедничка декларација на Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер-претседателот на Република Бугарија;“

  • потпишана во Софија на 22 февруари 1999 година

4. „Протокол за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија“.

  • потпишан во Софија на 22 февруари 1999 година

5. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија што се однесува на подарок на воена опрема и борбени комплети“ 

  • потпишан на 16 април 1999 година
  • во сила од 13 мај 1999 година

6. „Договор за соработка на полето на статистиката и пописите на населението меѓу Заводот за статистика на Република Македонија и Националниот институт за статистика на Република Бугарија“

  • потпишан во Скопје на 04.02.2000 година

7. „Договор меѓу Министерството за животна средина на Република Македонија и Министерството за животна средина на Република Бугарија за соработка на полето на заштита на животната средина и природата“

  • потпишан во Скопје на 09  јуни 2000 година

8. „Спогодба за воено-техничка помош меѓу Владата на Република Македонија  и Владата на Република  Бугарија “

  • потпишана во Софија на 7 март 2001 година
  • во сила од 24.04.2001 година

9. „Договор меѓу Владата на Република Македонија  и Владата на Република  Бугарија за бесплатно доделување на муниција, инженерска опрема, резервни инструменти и придружен прибор“ 

  • потпишана 29.03.2001 година
  • во сила од 24 април 2001 година

10. “Протокол за разбирање за зацврстување на напредокот на проектот за интерконекција на железницата помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, како дел од Пан-Европскиот Коридор 8, “

  • потпишан во Софија на 12 септември 2001 година

11. “Програма за соработка во областа на образованието и науката за периодот од 2001-2003 година помеѓу Владата на РМ  и Владата на Република Бугарија“

  • потпишана во Скопје на 14.11.2001 година

12. “Спогодба за соработка меѓу Сојузот на писателите на Република Македонија и Сојузот на  писателите на Република Бугарија “ 

  • потпишана во Софија на 30 септември 2002 година

13. “Заедничка изјава потпишана со  Министрите за транспорт на Република Македонија, Република Бугарија и Република Албанија за забрзан развој на Пан-Европскиот Коридор 8“

  • потпишана во Варна на 13 јуни 2003 година

14. “Заедничка декларација на Претседателите на Р.Албанија, Р.Македонија и Р.Бугарија за продлабочување на соработката помеѓу трите земји за изградба на Пан-Европскиот Коридор 8;“

  • потпишана во Охрид на 12 јули 2003 година

15. “Заедничка декларација на Министрите за транспорт и Министрите за финансии на Р.Бугарија и Р.Македонија за забрзување на напредокот на проектот за интерконекција на железницата помеѓу двете земји како клучен елемент на  Пан-Европскиот Коридор 8 ;“

  • потпишана во септември, 2003 година

16. “Спогодба за соработка меѓу Државниот завод за ревизија на Република Македонија и Националниот завод за ревизија на Република Бугарија“

  • потпишан  во Софија на 04 ноември 2003 година

17. „Меморандум за соработка во областа на Евро-атланската интеграција меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • потпишан  во Софија на 30 август 2004 година

Врз основа на член 7 од горенаведениот Меморандум потпишан е „Годишен план за соработка во 2005 година во контекст на европската и евроатланската интеграција“ 

  • потпишан во Скопје на 18 октомври 2004 година

18. „Рамковна спогодба во рамките на Проектот за подршка на стручно и техничко образование“ 

  • потпишан во Букурешт на 5 ноември 2004 година

19. „Меморандум за правна и судска соработка помеѓу Министерството за правда на Република Македонија и Министерството за правосудство на Република Бугарија“

  • потпишан во Скопје на 16.05.2005 година

20. „Договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика на Република Бугарија“

  • потпишан во Софија на 4 мај 2007 година

21. 2Спогодба за соработка меѓу Полициската Академија од Скопје и Академијата на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија“

  • потпишан во Софија на 7 ноември 2007 година

22. „Програма меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за соработка во областа на културата за период од 2007-2009 година“

  • потпишана во Софија на 7 ноември 2007 година

23. „Меморандум за соработка во областа на Европската и Евро-Атланската интеграција меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • потпишан во Софија на 22 јануари 2008 година

24. „Спогодба меѓу МВР на Република Македонија и МВР на Република Бугарија за соработка во областа на социјалниот одмор “

  • потпишан во Софија на 06 октомври 2008 година

25. „Договор за меѓусебна соработка меѓу Институтот за акредитација на Република Македонија и Националното тело за акредитација на Република Бугарија“.

  • потпишан во Софија на 24 ноември 2008 година

26. „Протокол за соработка меѓу Секторот за дипломатска едукација при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот институт при Министерството за надворешни работи на Република Македонија“

  • потпишан во Софија на 06 февруари 2009 година

27. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за локална самоуправа, во име на Владата на Република Македонија и Министерството за регионален развој и јавни работи, во име на Владата на Република Бугарија, за спроведување на ИПА Прекуграничната програма со CCI број: 2007 CB16IPO007“

  • потпишан во Софија на 31 август 2010 година
  • во сила од 15 март 2011 година

28. „Договор меѓу Македонската и Бугарската берза за размена на информации од тргувањето и нивно взаемно објавување на респективните интернет страници на берзите“

  • потпишан во Софија на 27 септември 2010 година

29. „Договор за соработка во областа на спортот помеѓу Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Министерството за физичко воспитување и спорт на Република Бугарија“  

  • потпишан во Софија на 08.10.2010 година. 

30. „Програма за соработка во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Бугарија (2010-2012)“

  • потпишана во 25 септември 2010 година

31. „Протокол за спроведување на Спогодбата меѓу Република Македонија и Европската заедница за преземање на лица кои престојуваат без дозвола меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија. “ 

  • потпишан во Ѓуешево со размена на писма, 21 февруари 2011 година

32. „Договор меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија за мешани патроли долж државната граница “

  • потпишан во Ѓуешево на 21 февруари 2011 година

33. „Меморандум меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија за соработка во областа на внатрешна контрола“.

  • потпишан во Ѓуешево на 21 февруари 2011 година

34. „Деловник за организација и функционирање на заеднички контакт центар Ѓуешево“

  • потпишан во Ѓуешево на 21 февруари 2011 година

35. „Меморандум за соработка во областа на европската и евро-атланската интеграција меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија“

  • потпишан во Софија на 01 септември 2011 година

36. „Меморандум помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Нуклеарната регулаторна агенција на Република Бугарија за соработка по прашањата на радијациона заштита“

  • потпишан во Софија на 17 ноември 2011 година

37. „Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ и Комисијата за јавен надзор над овлстени ревизори на Република Бугарија“ 

  • потпишан во Софија на 3 ноември 2015 година

38. „Програма за соработка во областа на културата  меѓу Министерството за култура на Република Македонија  и Министерството за култура наРепублика Бугарија за периодот 2015-2017 година“

  • стапила во сила 13 ноември 2015 година

39. „Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Комисијата за јавен надзор на овластените ревизори на Република Бугарија“

  • потпишан во Софија на 02.11.2015 година

40. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Македонија и Министерството за транспорт, информатичка технологија и врски на Република Бугарија за развој на железничката врска меѓу Скопје и Софија“

  • потпишан во Скопје на 1 август 2017 година

41. „Меморандум за  разбирање за соработка во полето на природниот гас меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија“

  • потпишан во Скопје на 1 август 2017 година

42. „Платформа за интензивирање на соработката помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија “

  • потпишана во Струмица на 23 ноември 2017 година

43. „Аранжман за соработка меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на  Република Бугарија за обука на возачи и механичари на тенковите Т-72 од составот на АРМ во Република Бугарија“ 

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

44. „Меморандум за разбирање за намалување на тарифите на меѓународниот роаминг за телекомуникациски услуги, помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија и Министерството за транспорт, информативна технологија и комуникации на Република Бугарија“

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година
  • во сила од 12 април 2018 година

45. „Протокол за намери помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за туризам на Република Бугарија“

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

46. „Меморандум за соработка на полето на основната геодетска работа, картографијата, геоинформатички катастар за недвижности, и податоци за урбанистичка инфраструктура помеѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија и Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија“

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

47. „Договор меѓу Електро преносните систем оператори МЕПСО и ЕСО, и анекс кон Договорот“

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

48. „Договор помеѓу АД за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР) Скопје во државна сопственост и Булгартрансгаз ЕАД за спроведување на физибилити студија за изградба на нова гасоводна интерконекција меѓу Република Македонија и Република Бугарија“ 

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

49. „Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија - Инвест Македонија и Бугарската инвестициона агенција “

  • потпишан во Струмица на 23 ноември 2017 година

50. „Меморандум за спроведување на програма за прекугранична соработка  INTERREG-IPA CCI 2014C1615CB006, меѓу Република Македонија и Република Бугарија“

  • во сила од  21 ноември 2017 година

51. „План за соработка помеѓу Министерството за здравство на РМ и Министерството за здравство на Р Бугарија за периодот 2019-2021 година“

  • потпишан во Софија на 22 јануари 2019 година 

52. „Протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во областа на борбата против трговија со луѓе“

  • потпишан во Охрид 23 јули 2019 година

53. „Договор за соработка  помеѓу Министерсвото за животна средина и вода на Република Бугарија и Министерството за животна средина  и просторно планирање на Република Македонија за соработка во областа на заштита на животната  средина“

  • потпишан во Софија на 11 април 2019 година

54. „Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Центарот за проценка на ризик и ланецот на исхрана на Република Бугарија за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика“ 

  • потпишан во Скопје на 02 октомври 2019 година

55. „Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност на храна на Република Бугарија за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика“

  • потпишан во Софија на 24 октомври 2019 година
Последно ажурирање: 23 ноември 2020