Марјан Ѓорчев



Марјан Ѓорчев


Марјан Ѓорчев е Амбасадор на Република Северна Македонија  во Република Бугарија од 01 април 2016 година. Роден е во 1956 година во Кавадарци.


ПРОФЕСИОНАЛЕН  АНГАЖМАН

Ангажмани во државна служба:Марјан Ѓорчев има долгогодишо службување во сите институции на македонската држава-парламентарна,владина и локална власт.Избран е за Градоначалник на О.Кисела Вода и Аеродром во 1996 г.Назначен е за Директор на Агенцијата за приватизација во 1998г. Од мај 1999-2002 г. е Министер за земјоделство,шумарство и водостопанство.Од  2002-2006 г. ја врши функцијата- пратеник во македонското собрание.Претседател е на Управниот одбор на Агенцијата за осигурување на депозити од  2007-2009г.Во период 2009-2013г. по втор пат е избран како Градоначалник на О.Кисела Вода.

Ангажмани во економскиот сектор на државата:Работи во Стопанска Основна Банка-Скопје(од 1987г.Комерцијална Банка-Скопје),во период 1983-1990 г.Избран е за Финансов Директор на Комбинатот ЗИК ”Скопско Поле”-Скопје во 1991г.Од 1992г. до 1995г. е Генерален Директор на АД “Млeкарница” Скопје.Принуден управник е на АД Братство-Единство,Г.Лисиче,во период 1995-1996г.и го спасува друштвото од ликвидација. Претседател е на Групацијата за прехранбена индустрија во Стопанската Комора на државата во период 1992-1995г.Оснивач е на првата мешовита македонско-бугарска банка,”Балканска банка” АД Скопје,во 1993 г.Главен консултант и изготвувач на проектот за трансформација на “Поштенската штедилница” при “Македонски пошти”,во “Поштенска банка” АД Скопје во 1999 година.

Меѓу поважните професионални ангажмани се: Дел од преговарачкиот тим на државата во преговорите за ССА, во период 1999-2001,при што ги води преговорите во поглавјата на “европското Аки” за земјоделство и успева македонските земјоделски производи-регистрирани со сертификат за потекло МКД, да имаат без-царински третман од 01 април 2004,како да се произведени во земјите од  ЕУ. Заменик Национален координатор во преговорите со WTO,во период 1999-2002,успешно окончани на 15 октомври 2002-ра г.Претседател на Тело за структурни реформи во Владата во период 1999-2000г.Член на Парламентарната Комисија ЕУ – Република Македонија 2002-2006г. со задача-одбрана на економските постигнувања на македонската држава при ЕУ Парламентот.Учесник во преговорите за Рамковниот договор во Охрид-2001г.


Општествени ангажмани

Оснивач во 1993г. и Претседател на “Пан Европа-Македонија” од 1999г-до денес.Претседател на Независниот Синдикат на банкарски работници 1988-1990г. Претседател на Шаховскиот Сојуз 1998-2006г.Претседател на КУД “Никола Јонков-Вапцаров”-1996-2006г.Избран за Почесен претседател на Друштвото.Почесен граѓанин на Кавадарци и О.Кисела Вода.Има издадено 4 книги и објавено над 200 есеи,публикации и економско-политички анализи во македонските и странски пишувани и електронски медиуми.


Образование

Дипломира на Економскиот факултет при Унив.”Св.Кирил и Методиј”вo 1980г. Посетувал обука за Овластен проценител за трансформација на претпријатија со општ.капитал во 1993г.Обучен за оценка на инвестициони проекти по стандарди на Светска банка во 1987г.