Министерот Османи ги прими акредитивните новоименуваниот амбасадор на Аргентинската Република во Република Северна Македонија,

06 април 2021

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Аргентинската Република во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г-дин Алфредо Нестор Атанасоф.

Министерот Османи, посакувајќи му добредојде на амбасадорот Атанасоф и успех во извршувањето на неговата должност, изрази очекување дека успешната соработка и позитивниот развоен тренд на билатералните односи меѓу двете пријателски држави ќе продолжат и за време на неговата дипломатска мисија.

Амбасадорот Атанасоф го потврди интересот за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, со посебен акцент на економската соработка, како и продолжување на успешната мултилатерална соработка.